Гаранции при извршување на фискална контрола

Случаите за кои се одредува претходна гаранција при фискална контрола од страна на јавен извршител и/или орган за приходи (по самостоен основ), детално се регулирани во чл. 121а, став 1, т. 1 - 4 и став 2 од ЗДП:

  • нарушување на целината на техничките средства за контрола /ТСК/;
  • непочитување на забраната според чл. 13, став 3, т. 4 од ЗДП;
  • разминување помеѓу наведените во документите вид и/или количина на стоката и утврдените со проверката;
  • нејавување на возачот на транспортното средство или на примателот/купувачот на стоката на местото на нејзиното примање/истовар;
  • утврдување од страна на орган за приходи, дека во случај на понатамошно располагање со стоката ќе биде невозможно или значително ќе се отежни собирањето на должените даноци.

Одземање на стока

Органот за приходи презема активности за собирање на докази и ја одзема стоката и нејзината документација, согласно со условите на чл. 121а, став 3 од ЗДП, со рок на дејство до 72 часа без дозвола од суд. Во овој случај, забраната за располагање според чл. 13, став 3, т. 4 го продолжува своето дејство, а стоката се ослободува по доставување на гаранција.

Ослободувањето на одземената стока се врши по доставување на парична гаранција или на безусловна и неотповиклива банкарака гаранција со рок на дејство не помал од 6 месеци, во износ од 30 од сто од пазарната вредност на стоката и по подмирување на трошоците за нејзиното одземање и чување.

Рок за плаќање на гаранцијата – одредениот рок за плаќање на гаранцијата 24/72 часа, започнува да истекува од крајниот час на завршување на проверката.

Големина на гаранцијата – се наведува во составениот записник кој му е врачен на примателот/купувачот. 

Уплата/обезбедување на гаранцијата

Големината на гаранцијата, која претставува 30 од сто од пазарната вредност на стоката, треба да биде уплатена во трансакциска сметка на соодветната ТД на НАП. Банкарската гаранција или уплатницата за извршено плаќање треба да бидат доставени во рок од 24/72 часа, до соодветниот началник на сектор „Оперативни дејности“ според местото на извршување на фискалната контрола и истите да се испратат на електронска адреса: [email protected].

Банкараската гаранција се издава од: 

  • лице што поседува лиценца за банка, добиена од Бугарската народна банка /БНБ/;
  • банка со седиште во трета држава, која има добиено лиценца од БНБ за остварување на дејност во Р Бугарија преку подружница;
  • банка која има добиено дозвола за вршење банкарска дејност од страна на надлежните органи на држава членка, која директно или преку подружница врши услуги на територијата на Р Бугарија.

Последици од недоставување на гаранцијата

Во случај ако гаранцијата не се достави во рок до 72 часа од одземањето, а за стока што се расипува брзо – до 24 часа, стоката се смета за напуштена во корист на државата. Овие околности се запишуваат во записник за видот и количината на напуштената стока во корист на државата и во регистар „Фискална контрола“.

Оспорување на активностите на органот за приходи при извршување на фискална контрола

Активностите на органите за приходи при извршување на фискална контрола врз движењето на стоки со висок фискален ризик, можат да се оспорат во 14-дневен рок од нивното извршување, пред територијалниот директор на ТД на НАП според локацијата на објектот/местото на нивното извршување, врз основа на чл. 127ж во врска со чл. 41 од ЗДП. Жалбата не ги одложува преземените активности. 

Важно! Одредување на претходна гаранција при фискална контрола може да врши:

  • јавниот извршител (по основ на чл. 121а, став 1 од ЗДП), преку одредување на мерки за претходна гаранција во износ од не помалку од 30 од сто од пазарната вредност на стоката по барање на орган за приходи, и
  • органот за приходи (по основ на чл. 121а, став 3 од ЗДП), со преземање активности за обезбедување на докази според чл. 40 од ЗДП и одредување на гаранција во износ од 30 од сто од пазарната вредност на стоката.