Фискална контрола на ризични стоки, кои преминуваат низ Р. Бугарија од една држава – членка на ЕУ во друга

Откако транспортното средство ќе влези во територијата на државата, органот за приходи има право да го застане транспортното средство на фискален контролен пункт, да изврши проверка дали превезуваната стока е со висок фискален ризик, да го провери идентитетот на возачот и на лицето што ја придружува стоката, да ги провери документите што ја придружуваат стоката, да изврши увид на стоката и да постави технички средства за контрола /ТСК/ на транспортното средство и печат/штембил со натпис „висок фискален ризик – преминување“ врз превозниот документ.

Поставување на ТСК

За поставените технички средства за контрола се составува записник за фискална контрола, а еден примерок од истиот му се дава на возачот на транспортното средство и на лицето што ја придружува стоката. Во записникот се запишуваат сите факти и околности од извршената фискална контрола.

Во регистарот "Фискална контрола", органот за приходи внесува податоци за:

  1. Државата според дестинација на стоката;
  2. Местото (граничен премин), преку кој транспортното средство треба да ја напушти државата;
  3. Контролниот број на техничките средства за контрола;
  4. Датумот и часот на поставување на техничките средства за контрола;
  5. Бројот и датумот на записникот;
  6. Други податоци од записникот. 

Отстранување на ТСК

Отстранувањето на ТСК се врши од орган за приходите, пред транспортното средство да излези од територијата на државата.

Активностите за отстранување на техничките средства за контрола и утврдувањето на нивната целина се запишуваат во записник од кој еден примерок му се врачува на возачот и на лицето што ја придружува стоката.

Органот за приходи што го отстранил ТСК, во регистарот „Фискална контрола“ внесува податоци за:

  1. Датумот и часот на отстранување на ТСК;
  2. Бројот и датумот на записникот;
  3. Други податоци од записникот.

Претоварување на стоки со висок фискален ризик, кои преминуваат низ територијата на РБ од една држава – членка на ЕУ, во друга држава - членка

По исклучок е дозволено, како услуга кон задолжените лица, ако истите навремено ги известат надлежните службени лица на УЈП за неопходноста од претоварување.

Известувањето треба да се поднеси во фискален контролен пункт при влегување на транспортното средство во територијата на државата, од страна на возачот на транспортното средство и/или од лицето што ја придружува стоката – како со поднесување на барање за неопходност од претоварување до органот за приходи, така и преку пополнување на образец од декларација и барање.

Неопходност од претоварување може да пријави и примател/купувач на стоки со висок фискален ризик, преку поднесување на образец од барање кое треба да е потпишано со електронски потпис и да е испратено на е-маил [email protected]. Во овој случај треба да се има во предвид дека поднесеното барање се смета за примено (соодветно предизвикува правни последици) по потврдување на неговото примање.

Навремено пријавената неопходност од претоварување се усогласува при вршењето на фискалната контрола, при што на местото на претоварување: 

  • техничките средства за контрола се отстрануваат од органите за приходи, не покасно од 4 часа од пријавениот од возачот час; при поднесено известување за промена од страна на примател/купувач според чл. 13, став 3, т. 1 од ЗДП, отстранувањето се врши не покасно од 24 часа од поднесувањето на известувањето;
  • во присуство на возачот на транспортното средство и/или на лицето што ја придружува стоката, органите за приходи извршуваат споредба на наведеното во документите и утврденото при проверката во однос на вид и/или количина на стоката.

Одредувањето на претходни гаранциски мерки во случаите на претоварување на стоки со висок фискален ризик, кои преминуваат низ територијата на РБ од една држава – членка на ЕУ до друга држава членка, зависи од резултатите од споредбата меѓу видот и/или количината на стока што се наведени во документите и утврдените во текот на проверката; зачувувањето на целината на поставените технички средства за контрола; почитување на забраната според чл.13, став 3, т. 4 од ЗДП (примателот/купувачот е должен да не располага со стоката до нејзиното примање/истовар, освен во случаите кога е поднесена парична гаранција или безусловна и неотповиклива банкарска гаранција до органите за приходи, со рок на важење не помал од 6 месеци, во износ од 30 од сто од пазарната вредност на стоката), како и од тоа дали возачот на транспортното средство се јавил на местото на претоварување.