Фискална контрола врз движењето на ризични стоки во внатрешноста на државата

Органот за приходи има право да запре транспортно средство во внатрешноста на државата, на фискален контролен пункт и да изврши проверка дали превезуваната стока е со висок фискален ризик, да го провери идентитетот на возачот и на лицето што ја придружува стоката, да ги провери документите што ја придружуваат стоката, да изврши увид на стоката и да постави технички средства за контрола /ТСК/ на транспортното средство и печат/штембил со натпис „висок фискален ризик – внатрешна испорака“ врз превозниот документ.

Поставување на ТСК

За поставените технички средства за контрола се составува записник за фискална контрола, а еден примерок од истиот му се дава на возачот на транспортното средство и на лицето што ја придружува стоката. Во записникот се запишуваат сите факти и околности од извршената фискална контрола.

Во регистарот "Фискална контрола", органот за приходи внесува податоци за:

  1. Испраќачот на стоката;
  2. Примателот на стоката;
  3. Видот и количината на стоката;
  4. Местото на примање/истовар на стоката;
  5. Датумот и очекуваниот час на примање/истовар на стоката;
  6. Контролниот број на поставените технички средства за контрола;
  7. Датумот и часот на поставување на техничките средства за контрола;
  8. Бројот и датумот на записникот;
  9. Други податоци од записникот.

Отстранување на ТСК

Отстранувањето на ТСК се врши од орган за приходи, на местото на истовар на стоката. Откако ќе се отстрани ТСК, службено лице на УЈП изготвува записник, од кој еден примерок му се врачува на примателот/купувачот или на негов овластен претставник. Во овој записник се запишуваат соодветноста или несоодветноста меѓу видот и количината на стоката според придружната документација кои се утврдени при поставување на ТСК или кои се пријавени од возачот на транспортното средство/од лицето што ја придружува стоката и реалниот вид и колична на стоката во местото на нејзиното примање/истовар.

Преземени активности за собирање на докази

Кога ќе се преземат активности за собирање на докази, оранот за приходи ја ослободува стоката само откако ќе се достави гаранција во износ на даночните обврски, кои би можеле да настанат како резултат од несоодветноста, но не помалку од 30 од сто од пазарната вредност на стоката што не совпаѓа според видот и количината. Гаранцијата може да биде во парични средства или во формата на безусловна и неотповиклива банкарска гаранција.

Органот за приходи што го отстранил ТСК, во регистарот „Фискална контрола“ запишува податоци за:

  1. Датумот и часот на отстранување на техничките средства за контрола;
  2. Бројот и датумот на записникот;
  3. Други податоци од записникот;
  4. Износот на одредената гаранција.