Обврски на возачот на транспортно средство

16 March 2016

Обврските на возачот на транспортното средство се пропишани со чл. 13, став 1 и став 2 од ЗДП:

Недостаток на документи

Кога ќе недостасуваат документи што ја придружуваат стоката или кога истите не ги содржат погоре опишаните податоци, и/или податоци за очекуваниот час на примање/истовар, возачот на транспортното средство пополнува образец од декларацијата.

Важно! При изјавување на очекуваниот час на примање се користи бугарската временска зона.

Промена на датум, час и место на примање/истовар на стоката

Датумот и местото на примање/истовар на стоката, како и изјавениот час на примање/истовар кои се наведени во документацијата или се пријавени, можат да бидат променети од примателот/купувачот со поднесување на образец на барање по електронски пат. Барањето се испраќа на адреса [email protected] и се смета за примено по потврдување на неговото примање.

Поставување на технички средства за контрола /ТСК/ 

Кога ќе се превезува стока со висок фиксален ризик со транспортното средство, органите за приходите имаат право да постават ТСК врз транспортното средство и печат/штембил со натпис „висок фискален ризик“ врз превозниот документ. Секое ТСК поседува уникатен број.

За поставените ТСК се составува записник, а еден примерок од истиот му се дава на возачот на транспортното средство и на лицето што ја придружува стоката.

Отстранување на поставени ТСК

ТСК се отстранува само од орган за приходите:

Возачот сноси административна прекршочна одговорност за неисполнување на обврските, во следните случаи:

При неисполнување на обврска според чл. 13, став 1 – одговорност според чл. 273 от ЗДП. Утврдувањето на административни прекршоци и одредувањето административни казни се извршува во согласност со Законот за административни прекршоци и казни (ЗАНН).

Created on: 16.03.2016
Close