Фискална контрола врз движењето на високо ризични стоки (MK)

16 March 2016

Фискална контрола врз движењето на високо ризични стоки

Една од основните дејности на НАП е извршување на даночна и осигурителна контрола и примена на мерки за спречување на даночни и осигурителни измами, вкучувајќи и во однос на трговијата со стоки и услуги во рамките на заедницата. Нејзината најнова дејност во оваа сфера /од јануари 2014 г./ е извршуваната непрекината фискална контрола врз движењето на стоки со висок фискален ризик во фискални контролни пунктови и во трговски објекти. Таа има за цел да ја зголеми наплатата и да ги заштити финансиските интереси на РБ и ЕУ преку ограничување на измамите со ДДВ кај стоки со висок фискален ризик /вообичаено брзопрометни стоки како овошје, зеленчук, месо, млеко, шеќер и др./, како и ограничување на нелојалната конкуренција во трговијата со тие стоки, следејќи го нивното движење.

За даночни цели, фискалната контрола е комбинација од физичка контрола и контрола на документи. Во текот на контролата се извршуваат:

Се применува за сите стоки со висок фискален ризик, независно од местото на примање/истовар: територијата на државата, во друга држава – членка на Европската унија или во трета држава. Не се применува за стоки под царински режим.

Каде се извршува?

Фискалната контрола се извршува во фискални контролни пунктови и во местата на примање/истовар на стоки со висок фискален ризик.

Како?

Таа започнува со:

Кога ќе се утврди превоз на стока која е вклучена во списокот со стоки со висок фискален ризик, органот за приходи има право да постави технички средства за контрола на транспортното средство (вообичаено пломба, специјална пломба со GPS уред, налепница и др.) и печат/штембил со натпис „висок фискален ризик“ врз превезуваниот документ.

Техничкото средство за контрола се отстранува од друг орган за приходи во местото на примање/истовар или кога стоката ќе ја напушти територијата на Бугарија.

Важно е да знаете:

Кои се задолжените лица?

Какви видови на фискална контрола има?

Created on: 16.03.2016
Close